Нарачуваат анкети на сдсмовските медиуми, на кои водат. Притискаат, уценуваат, се закануваат, но не разбираат дека вистинската анкета ќе ја видат на 21 април, кога најголемата коалиција во Македонија ќе им ја испорача вистинската анкета- дојде време за политичка пензија.
Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од митингот во Крушево.
Тој му вети на Заев дека политичката пензија нема да му биде спокојна, бидејќи за сиот криминал и за неправдата, омаловажувањата ќе одговораат од првиот до последниот.
-Голема неправда е во Македонија поради неисполнетите ветувања, нереализирани очекувања, лагите, криминалот. Основен генератор е тој кој ветуваше дека ќе донесат правда и мир и живот во Република Македонија. На оваа генерација ѝ падна честа да ја крева повторно од пепелта Македонија, од пепелта во која ќе ја наследиме од Зоран Заев. Затоа треба да се бориме, за да победиме, за да можеме да ја креваме Македонија од пепел. Затоа штос е плашам дека ќе немаме втора шанса, затоа што, можеби, ако оваа шанса не ја искористиме, ќе немаме следна можност. Јасно е дека во Крушево ќе победи Македонија, рече пред крушевчани Мицкоски.
Повика на масовна излезност на претседателските избори која ќе обезбеди сигурна победа за Гордана Силјановска Давкова, а тоа ќе го натера премиерот Зоран Заев да ги распише ветените предвремени парламентарни избори.
-За да можеме да му ја вратиме државата на народот, повика Мицкоски.