Македонија 13. септември 2019. / 22:43

Мицкоски: На СДСМ им одговара да нема договор за законот за Јавно обвинителство

Мицкоски: На СДСМ им одговара да нема договор за законот за Јавно обвинителство

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисија на АлсатМ телевизија рече дека на СДСМ им одговара договор за законот за Јавно обвинителство.

Нив не им одговарало бидејќи сакаат да го покријат случајот „Рекет“. Тоа не им одговарало, рече Мицкоски, се со цел да се покријат сите криминали на власта, кои се прават сега, но и оние од минатото.

Мицкоски рече дека случаите на СЈО треба да проложат и нема никаква дилема. Истовремено тие случаи треба да се вратени во рамките на Јавното обвинителство. На почетокот Љубомир Јовески не сакал да ги прифати предметите од прислушувањето, за сега, да каже дека има само едно Јавно обвинителство, па затоа ќе ги преземе предметите.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека преземањето на предметите од страна на ЈО, не е целосно транспарентно, бидејќи ниту еден нотар не го гарантира потписот на Јанева, која што се наоѓа во притвор.

– Ние не треба да се занимаваме со гатање, туку со факти. – рече Мицкоски за констатацијата на новинарот дека Јовески знае што прави и без гаранцијата на потписот од нотар.

Мицкоски исто така изрази надеж дека, сепак, ќе има договор за законот за Јавно обвинителство.