Македонија 10. јуни 2019. / 20:39

Мицкоски: На наредните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и ќе формира влада

Мицкоски: На наредните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и ќе формира влада

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во „Топ Тема” на Телма телевизија истакна дека опозицијата ќе победи на наредните избори.

Мицкоски е убеден дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и ќе формира влада на наредните избори.

– Не верувам во постизборен инженеринг. – кажа Мицкоски.

Во однос на поддршката од албански гласачи, Мицкоски кажа дека Заев на Албанците им нуди национал-романтични понуди, кои не даваат резултат.

Мицкоски го спомна скандалот со Исламската верска заедница во периодот меѓу двата изборни кругови, како типичен пример за притисок врз албанските гласачи.

По победата на изборите и добивањето на мандатот, ВМРО-ДПМНЕ ќе преговара со другите партии.