Македонија 14. мај 2020. / 19:45

Мицкоски: На лидерската сите зборуваме за здравјето, само Заев за датуми

Мицкоски: На лидерската сите зборуваме за здравјето, само Заев за датуми

На лидерската средба сите зборуваме за здравјето на луѓето, само Зоран Заев говораше за избори, истакна Христијан Мицкоски на вечерашното интервју на „Топ тема“.

Тој повтори дека доколку цената е да се изгуби и еден човечки живот, тогаш тој не сака да биде дел од тоа.

Она што е најважно е здравјето. Сите бевме прашани дали веруваме во институциите, и сите се сложивме дека верувавме. Нека кажат тие дали постојат елементарни услови и да немаме кампања во која ќе броиме заболени или недај боже починати. Го споменивме и пристапот на ДИК и ОБСЕ и ОДИХР. Важно е Комисијата дали може да го ажурира Избирачкиот список со луѓе кои станале полнолетни и да бидат избришани тие што во меѓувреме починале. И кога тоа ќе биде исполнето да најдеме дата која е прифатлива за сите партиим, изјави Мицкоски.