Македонија 07. март 2019. / 19:38

Мицкоски: На 21 април граѓаните одлучуваат дали ќе продолжи ,,заевизмот” или се за право, правдина и честита Македонија

Мицкоски: На 21 април граѓаните одлучуваат дали ќе продолжи ,,заевизмот” или се за право, правдина и честита Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е гостин на ТВ Алфа во емисијата ,,Отворено” каде се разговараше за актуелната политичка ситуација во државава.

Силјановска е силно прифатена од членството на ВМРО-ДПМНЕ, неопределените гласачи , па дури и од поранешните подржувачи на СДСМ, кои сега не се сложуваат со заевизмот, затоа имаме многу аргументи кои се на наша страна, но сепак граѓаните на Република Македонија на 21 април ќе имаат можност да кажат дали ќе продолжат да го подржуваат заевизмот во овој облик и во иднина ќе му дадедме легитимитет, или пак ќе се бориме за вистински успех,  право и правдина за честита Македонија, истакна Мицкоски.