Македонија 20. октомври 2019. / 21:35

Мицкоски: На 12 април ќе имаме победник, тоа е Обновата за Македонија

Мицкоски: На 12 април ќе имаме победник, тоа е Обновата за Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по лидерската средба кратко посочи дека за Република Македонија нема друга алтернатива и за тоа сите се договоривме.

Следуваат предврмени избори, победува Обновата за Македонија, а потоа работа, работа секој ден, за се што е изгубено во последниот период – рече Мицкоски.

Тој истакна дека Шекеринска е последниот човек од транзицијата и кога таа го критикувала, сметал дека е на вистинскиот пат.

Немаше дискусија за тоа кого ќе предложиме во техничката влада, за нас беше важно да се добие термин за предвремени избори, така што битно е дека имаме нова реалност, дека 3 јануари 2020 година ќе имаме нов технички премиер, на 12 април ќе имаме нов победник, тоа е Обновата за Македонија – рече Мицкоски.

Тој рече дека побарал да се разговара во поинаков формат зошто имало теми кои не се под ингеренции на претседателот на државата.

Јас побарав да заземеме став, можеби и ние да донесеме декларација дека барањето да се каже дека не постои македонски јазик е навреда. Очекувам на некоја од следните средби тоа да се отвори, да кажеме дека ниту ни паѓа на памет, ниту имаме намера тоа како политички партии да го прифатиме – рече Мицкоски.

Тој посочи дека побарале пописот да не биде статистички и да биде во 2021 година, на почетокот, а не на крајот на декадата, но и дека не гледа дека би имало попис наредната година.