Тој човек е исклучен од партијата долго време, сега се обидува да направи нешто и мислам дека тоа ќе биде неуспешно. Иако до мене стигнуваат шпекулации како ќе влезел во партијата, но мислам дека, сепак, тоа е само во дел од шпекулациите – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на гостувањето во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија „Алфа“, говорејќи за активностите на Сашо Мијалков, кој е излезен од партијата.
Според Мицкокси, станува збор за одработување за Заев.
Следите дека судиите забораваат да закажат рочиште кога тој е во прашање, но мислам дека тоа се луѓе кои се во скутот на Заеви. Ако не соработуваат, знаат како ќе завршат. Мијалков одработува и е во скутот на Заев со цел да се спаси од сомнежите за криминал против него, па судиите забораваат да закажат рочиште кога тој е во прашање – кажа Мицкоски.