Македонија 24. јануари 2021. / 11:45

Мицкоски: Меѓународниот ден на образованието се дочекува со деца кои не следат настава, штрајк, реформи на сила, укинување на историја

Мицкоски: Меѓународниот ден на образованието се дочекува со деца кои не следат настава, штрајк, реформи на сила, укинување на историја

Меѓународниот ден на образованието нашата држава го дочекува со безброј проблеми, констатира лидерот на ВМРО ДПМНЕ , Христијан Мицкоски на ФБ.

Меѓународниот ден на образованието нашата држава го дочекува со:
– 20 илјади деца кои не следат настава затоа што немаат компјутери;
– штрајк на матурантите;
– “реформи од Финска” кои не се од Финска, а кои се туркаат на сила и без консензус;
– со обид да се укине предметот историја како посебен предмет;
– со ниту еден универзитет кој е на Шангајската листа од 1000 најдобри универзитети во светот;
– и со образование кое е политизирано, наместо професионализирано.
Сето ова не го ветија, ама го остварија. А од ветеното ништо не исполнија.
Со ваква власт нема иднина. Образованието системски се уништува.
Наша е иднината и ние заедно ќе се избориме, напиша Мицкоски.

Меѓународниот ден на образованието нашата држава го дочекува со:

– 20 илјади деца кои не следат настава затоа што…

Posted by Hristijan Mickoski on Sunday, January 24, 2021