Македонија 17. ноември 2019. / 17:17

Мицкоски: Македонија одамна го нема тој луксуз да загуби уште една генерација која ќе се исели

Мицкоски: Македонија одамна го нема тој луксуз да загуби уште една генерација која ќе се исели

Обраќањето на 28 Годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ претседателот на партијата Христијан Мицкоски го започна со цитат кој совршено се вклопува со денешните мигови „Времето е неподносливо тешко, проблемите надвиснале, но не очајувајте народе, пренесете им на своите браќа и сестри ние сме единствени и свесни за предизвиците, и затоа победата е наша, и победата е заедничка!“.

Од концертната сала на Македонската филхармонија Мицкоски најави победа на сите млади чии срца чукаат за промени, победа на жедните за правда, оние кои копнеат за сигурност, и на оние кои си ветуваат себе си, дека нема да потрошат уште еден ден во сивилото наталажувано со децении и политиканството градено со години.

Еден новинар ме праша што очекувате од младите на овие избори. Јас очекувам тие, сите вие во оваа преполна сала да бидете свои единствени, да бидете она што сте и да се борите за она што сакате да бидете. Да рушите бариери, да надминувате стереотипи, да бидете промената, да бидете обновата која ќе ја донесеме. Младите се за обнова не затоа што тоа е фраза, туку насушна потреба. Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ја има слободата, а секој од вас го има мојот збор дека ќе ви бидам најголемиот поддржувач за вашите идеи и цели. Затоа што Македонија одамна го нема тој луксуз да загуби уште една генерација која ќе се исели. Повеќето села одамна се празни, а сега градовите се празнат, а генерациите си заминуваат. Иселувањето не е како калемење на растение, туку тоа е како да го откорнете од родната грутка и го пресадите таму некаде далеку, на друга почва и во други услови. Колку и да боли и пече, ова е реалноста во Македонија. Можете на двете раце да наброите имиња од ваши врсници, луѓе од вашата генерација, вашето семејство кое се иселиле. А Македонија останува празна, а господари на она што малку преостанува се оние кои мислат дека власта е нешто што природно им припаѓа, па така опиени од нејзе гледаат на функциите единствено како средство за богатење, наместо место од кое теба да им слугуваат на граѓаните. И сиот тој гнев кој го чуствува секој еден човек во земјата е десетпати поголем кај младиот човек, кај студентите, средношколците, тинејџерите кои гледаат дека некој им ја краде слободата, државата, а со тоа и иднината. А иднината им припаѓа, на кој друга, ако не на вам, младите, им порача Мицкоски на младите.

Мицкоски му изрази целосна поддршка на претседателот на УМС Јoван Јаулески, зашто, како што рече младите се за обнова, а 12 април е денот кога завршува една неславна ера на политичарите кои го лажат и манипулираат народот.