Македонија 27. јуни 2019. / 21:11

Мицкоски: Луѓе умираат поради лошото здравство – деспотот плаќа операции за промена на полот!

Мицкоски: Луѓе умираат поради лошото здравство – деспотот плаќа операции за промена на полот!

Разузданоста на деспотот нема крај. Кога граѓаните плачат поради неквалитетното здравство каде цената неретко е човечкиот живот и власта нема решение, сега се најавува промена на пол на државна сметка, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук.

Промената на полот е право на избор, а лекувањето на болест е нужност. Правото на живот е поголемо и поважно од се друго. Промена на полот, не со пари на граѓаните, напиша Мицкоски.