Македонија 23. март 2020. / 13:02

Мицкоски: Кратењето на плати требаше да почне од високите функционери, а не од работниците, бараме Заев да ја повлече мерката

Мицкоски: Кратењето на плати требаше да почне од високите функционери, а не од работниците, бараме Заев да ја повлече мерката

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски на прес-конфернција ги анализираше мерките што ги предложи Зоран Заев.

Народниот буџет, како што рече се крои во партиски штаб и се одлучува за нашите, вашите пари и се наложува на Владата што треба да прави.

Поминавме турбулентни 29 години на предизвици и кризи: најболната приватизација и транзиција која што беше на балканот, воен конфликт во 2001 гпдина, светска економска и должничка економска криза, но никогаш не се посегна по она што СДСМ и Зоран Заев сега го прави, а тоа се платите на работниците. Ова значи дека никогаш не било полошо во изминатите 29 години. Заев со овој план се обидува неспособноста на Владата да ја плати со трудот на работниците на кои ќе им крати драстично плата, објасни Мицкоски.

Тој додаде дека одеднаш недостижните 500 евра просек плата се сведоа на 230, како што рече, кога би било во други околности ова сигурно би се нарекувало грабеж.

Мерката за драстично кратење на платите преставува сериозен удар за стандардот на вработените. И ова кратење требаше да започне првенствено од министрите, замениците министри, директорите, градоначалниците, именуваните функционери, а не во ист кош да се стават кога треба да има кратење на платите функционерите и работниците, смета Мицкоски.

Како што објасни, вработените во администрацијата ги немаат привилегиите на функционерите на власта, ама сега со предлогот на Заев ќе ја имаат истата плата од 14.500 денари. Голем дел од овие луѓе имаат кредити и не можат да зависат од милоста на банките и несериозноста на Заев. Ништо не сме постигнале ако се скратат нивните плати, а се надеваме банките да ги замрзнат ратите. Нема да излеземе од криза ако ги казниме работниците.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара Заев итно да се повлече од предлогот за кратење на платите на работниците во администрацијата и како што рече да не удира по стандардот на граѓаните бидејќи така нема да се реши кризата туку ќе се продлабочи.