Доколку добиеме покана, ќе учествуваме на лидерската средба кај претседателот Пендаровски, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски на штотуку завршената прес-конференција во седиштето на партијата.
Запрашан со каква стратегија ќе настапи на средбата ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски додаде дека за тоа ќе одлучуваат откако ќе го видат дневниот ред, што ќе го предложи претседателот Стево Пендаровски.
Претходно, Мицкоски повика на средба на државниот врв на која отворено ќе се дискутира по одложувањето на почетокот на прегоорите за членство на Македонија во ЕУ и на што поскоро излегување на предвремени парламентарни избори.
-Мора да се разговара со отворени карти, чесно и без политиканство и на граѓаните да им дадеме надеж за евроинтегративните процеси, рече Мицкоски.
Според него, во моментов најмалку важно е кој прв повикал и каде ќе се одржи лидерската средба.