Во тек е заседaвањето на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ. На седницата како што дознаваме станало збор и за можните комбинаторики за идно коалицирање.
Ц.К на ВМРО-ДПМНЕ едногласно го овластило лидерот Христијан Мицкоски да преговара за идно коалицирање и обезбедување на мнозинство. Мицкоски во обраќањето пред членовите на Ц.К изјави дека ќе направи се што е во негова моќ да обезбеди мнозинство за состав на новата влада, но власт не по секоја цена.
Црвените линии се нашите принципи и вредности во кои веруваме, а врз кои почива идејата за ВМРО и современата македонска држава, изјави Мицкоски.
По што имало громогласен аплаус. Расправата продолжува дискутирајќи по повеќе точки од дневниот ред.