Македонија 19. декември 2019. / 22:30

Мицкоски: Ќе работам и за Албанците, но ќе ги делиме и обврските и привилегиите, сите ќе плаќаат данок

Мицкоски: Ќе работам и за Албанците, но ќе ги делиме и обврските и привилегиите, сите ќе плаќаат данок

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Клик Плус на ТВ 21 вечерва разговара за тоа колку е далеку премиерската фотеља.

На првото прашање дали како премиер ќе работи на развој на Североисточниот полошки регион каде Албанците се доминантно население, поставено од економистот Висар Адеми, Мицкоски со одговор дека сите ќе бидат рамноправни.

Лидерот на опозицијата вели дека исто како што ќе се залага за интензивен раст во Вардарскиот, Скопскиот, Пелагонскиот регион така ќе се залага и за развој на Полошкиот и сите други региони во Македонија.

Тој најавува проекти во сите региони но најавува и дека ќе бара сите граѓани од сите региони освен привилегиите да ги исполнуваат и обврските кон државата.

Мицкоски во контекст на обврските кон државата зборуваше за општината Арачиново населена со Албанци каде што од десетина илјади жители државата собрала само 960 денари данок на имот.

На почетокто на емисијата Мицкоски рече дека не му го честитал именденот на екс премиерот Никола Груевски затоа што воопшто не е во контакт со него и го нема неговиот телефонски број и им го честиташе Свети Никола на сите што денеска го слават.