Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил сподели фотографии од вечерашниот протест и напиша:
Ќе нѐ има се повеќе, не треба да се обесхрабруваме. Тешка ќе биде битката, но ве уверувам дека на крајот народот ќе ја победи мафијата и ќе дојде правдата и силно ќе огрее сонцето за секој еден во нашата држава. Нашата иднина мора да е во земја во која правдата ќе владее, во која политичарите ќе бидат покорни слуги на народот. Безусловна правда значи апсолутна правда, без правда нема силна држава. За да има правда мора мафијата да биде поразена и брутално изнесена пред лицето на правдата, да одговара за сите неправди кои ги нанесе на секој еден граѓанин, без разлика на етничката припадност. А ќе падне, знам дека на мафијата ќе и се случи народ, порано или подоцна!