Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во гостувањето на АлсатМ, кажа дека како опозиција бараат предвремени избори, поради тоа што многу граѓани не се задоволни од власта.
Се со цел да не го кочат евентуалниот датум за преговори со ЕУ, Мицкоски кажа дека разговорите за предвремени избори ќе ги поместат по одлуката на ЕУ.
Ако се добие датум, другата година на пролет, Мицкоски ќе бара формирање на техничка влада и одржување на предвремени избори.
Мицкоски гледа коалиционен партнер во секоја политичка партија и кажа дека според нивните анкети ВМРО-ДПМНЕ води со 100 илјади гласови разлика.