Македонија 28. јануари 2019. / 21:14

Мицкоски: Ќе го победиме Заев на претседателските избори па ќе имаме и предвремени парламентарни избори

Мицкоски: Ќе го победиме Заев на претседателските избори па ќе имаме и предвремени парламентарни избори

ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се што е во наша моќ да се самоорганзираме да го спречиме овој грабеж којшто палнира да го органзира Владата на Зоран Заев, да превенираме несакани сценарија, ќе го победиме Зоран Заев на тие избори. Сигурен сум дека Зоран Заев нема да може да го издржи притисокот од јавноста и наесен или пролетта 2020 ќе имаме парламентарни.

Доколку не биде усвоено барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори заедно со претседателските ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се што е во негова моќ за да не му дозволи на СДСМ да ги украде и овие избори, ѝ одговори претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на уредничката на ТВ Сител Славица Арсова во соочувањето со уредниците на националните телевизии на МТВ 1.

Доколку одлучат да се затскријат, доколку одлучат пред јавноста, најголемата опоцизицка партија, граѓаните да прикажат дека немаат чесни намери и дека повторно сакаат со нефер избори да манипулираат со гласовите на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се што е во моќ тоа да не се случи. Силно сме мотивирани и мобилизирани да учествуваме на претседателските, на кои ќе победиме. Ќе победиме во Охрид, во Ново Село, а со тоа силно ќе ја подотвориме вратата за предвремени парламентаарни избори, кои би се одржале на есен.

Мицкоски смета дека е многу поважно да се заштеди време, затоа што притисокот од побеата на опозицијата на претседателските избори, победата во општина Ново Село и во Охрид, ќе значат огромен товар за Владата.

Подобро сега заедно да ги одржиме, на еден трошок отколку истите да ги проектираме наесен или напролет 2020 година, бидејќи протисокот од јавноста ќе биде огромен. Луѓето повеќе не се плашат од Зоран Заев.