Македонија 25. декември 2020. / 19:16

Мицкоски: Ќе дојде денот кога луѓе масовно ќе се откажуваат од Заев

Мицкоски: Ќе дојде денот кога луѓе масовно ќе се откажуваат од Заев

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ , Христијан Мицкоски во емисијата „ Што не е јасно“ говореше за актуелната политичка состојба и за последните пишувања на социалните мрежи. Додека Заев ги распродава идентитетските обележја, европските бирократи молчат вели тој.

Таа е вистинската вистина и тоа го чувствува народот.  Ја можам да се умилкувам пред нашиот источен сосед, но се што направивме направивме, променивме име, Устав, трговија со пратеници, направивме се буквално и беше ветувано дека отпочување преговори, за да денеска слушнавме дек аи ова треба да се направи, Јас сум убеден дека ќе излезе уште нешто. Во суштина ништо не се подместува. Губиме нешто наше македонско, за да добиеме нешто имагинарно, изјави Мицкоски.

Комуникација немам со Борисов. Не би го коментирал Борисов, ниту Каракачанов. Ако они сега не истураат фекалии врз Македонија, ќе треба да се отвори темата за корупција и скандали во Бугарија. Таа стратегија е јасна како ден, потенцира Мицкоски.

Да стојам зад тоа што сум го кажал, добив информација  од Борисов, се ова што бараат Заев го ветувал кога бил во опозиција. До сега никој тоа не го демантираше. Има работи кои Заев ги замислил и се реализират. Се е можно да направи Зоран Заев. Ако не е подготвен да испорача Анекс, зошто тогаш воошто уште преговараме. Тогаш треба да кажеме дека не треба да преговараме. Да си признаеме дека вака не може понатаму. Ваквите барања за мене се неприфатливи би го напуштил Договорот, зарем ваа нон стоп ќе се уценуваме. Ние постојано губиме и ништо не добиваме.  Немаме ништо, освен  легализација на марихуана, црни пари кои  се полумафијашки политики, изјави Мицкоски.

Затоа ќе дојде денот кога луѓето масовно ќе се откажуваат од Заев, вели Мицкоски.