Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку фејсбук остро реагира на фрлената ракавица од премиерот Зоран Заев за формирање, како што изјав за Слободен печат, Влада на Национален спас во која би влегла и опозицијата, велејќи дека тоа нема да се случи.
Македонската пролет доаѓа, напиша Мицкоски, а на власта и вети дека ќе бидат победени.
-Но, тој филм нема да го гледате и ви ветувам дека ќе се изборам со болеста, ќе излезам од инфективна, а потоа не чека многу работа… Сметот мора да се измете, ама најпрвин од сопствениот двор! И овие од власта ако мислат дека има најмали шанси за пакт со криминал и криминалци, тоа нема да се случи. Ќе бидете победени, тоа ви го ветувам. Македонската пролет доаѓа!, пишува во својата Фејсбук објава Мицкоски.
Денеска, пишува Мицкоски, ги видовме со сета своја немоќ како на отворена сцена се обидуваат византиски убедени од своите лакеи (поранешни високи функционери на опозицијата) како се препелкаат нудејќи поделба на власта ама јас да не сум бил дел од истата бидејќи со мене немало договор, не сум бил добар соговорник.
-И тука ДА прв пат се сложувам со Зоран Заев, јас немам концесија и не должам никому ништо, единствено му должам на мојот народ, на Македонците, на граѓаните на Македонија, на пратеничката група од коалицијата За обнова на Македонија, ИК, ЦК, општинските комитети, месните комитети, униите на ветерани, млади, жени, на активистите, симпатизерите што покажаа единство, цврстина, борба, жар, карактер, пркос, инает и пред се желба и се ќе сторам ним да им се оддолжам, пишува Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и порачува на власта дека иако денеска имал исклучително тежок ден, борејќи се со болета, со тешко дишење и температура, сепак вели, имам енергија, мотив и волја и за борба со вас.
– Ова го пишувам од собата во инфективната клиника со сиот револт во себе што и направивте на Македонија. Има начин да се спасите од мене, да не се разбудам утре или денот потоа и тогаш можеби ќе ви биде полесно да пронајдете соодветен соговорник, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
По криминални и украдени избори, злоупотреба на вонредна состојба, масовен поткуп, притисоци, закани, уцени, менуваа…
Posted by Hristijan Mickoski on Saturday, March 6, 2021