Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска пред Собранието изјави дека Maкедонија е името кои го менуваат оние во Собранието и одат спротивно од волјата на нaродот јасно изразена на 30 септември.
Име со копче не се брише, име со хартија не се менува. Тоа е она што сме, и она што ќе продолжиме да бидеме, вели Мицкоски.
Според лидрот на ВМРО-ДПМНЕ во моментов се витка кичмата на татковината.
Тоа им е целта, да ве скршат, и да прифатите сѐ понатаму, рече Мицкоски.
Тој изјави дека ова ќе биде почетокот на заминувањето на актуелната власт која ги турка уставните промени кои треба да доведат до промена на името на државата. Повика на масовно обединување.
Нив оваа промена на името и идентитетот, им е билет за останување на власт, рече Мицкоски.
Според него власта работи само за себе, не за народот.