Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и меѓународниот секретар Тимчо Муцунски, се во дводневна посета на Брисел. Во рамки на посетата тие остварија средби со Едвард Кукан, известувач за Македонија во Европскиот Парламент и Маријана Петир.
–Во рамки на дводневната посета на Брисел, заедно со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и кандидатката за Претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова остваривме средба со Едвард Кукан, известувач за Македонија во Европскиот Парламент, напиша Николовски на Фејсбук.
Тие остварија средба и со Маријана Петир која е голем поддржувач на Република Македонија.