Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски денес гостуваше во „24 Отворено“ каде што посочи дека на почеток на година, имотот на ВМРО-ДПМНЕ беше на нелегален и незаконски начин замрзнат, и се уште е замрзнат.
ВМРО-ДПМНЕ како партија функционира како гостин во својот имотот. Има потешкотии во функционирањето. Но тоа сепак не претставува проблем и во овој момент ВМРО-ДПМНЕ да има некаде околу 100.000 гласа предност од СДСМ и да напредуваме во име на сето тоа. Но да ве потсетам дека на нелегален, незаконски начин поради едно обвинение кое што е покренато после законскиот рок и е прифатено од страна на судијата во постапка и како резултата на тоа имотот ни е замрзна, рече Мицкоски.
Мицкоски додаде дека бил кај Јанева и има разговарано, а таа била многу јасна и прецизна во своето барање, дури и имало трето лице во просторијата.