Македонија 28. март 2020. / 13:14

Мицкоски: И пред коронавирусот сме биле во сериозна криза, зашто власта трошела за изборен поткуп

Мицкоски: И пред коронавирусот сме биле во сериозна криза, зашто власта трошела за изборен поткуп

Целта на оваа прес конференција не е трката по политички поени. Податоците до кој дојдов го вклучуваат црвениот аларм. Државата и економијата се лизга од раце. Постојано сум во комуникација со бизнис фелата, со професори, економисти, стопанственици. Без исклучок велат состојбите се алармантни, изјави на прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„И ова не го говорам од политикански побуди, туку фактогравски со бројки. А тие се немилосрдни. Таа дупка која што тврдат дека е 1 милијарда и 200 милиони евра не е случајно направена. Она што владата нема да го признае, а сега јасно се гледа од податоците, е дека ние сме биле во сериозна финансиска криза дури и пред почетокот на кризата со коронавирусот. Тоа е така затоа што Владата целиот буџет недомаќински го концентрирала кон слевање на пари за изборен поткуп за изборите кој беа димензионирани во месец април.“, додаде Мицкоски.

Според Мицкоски поради партиски интереси се пристапило кон кревање на расходите во буџетот, без за тоа да се има покритие.

Се креваа плати за да се корумпираат целни групи, се делеле бунуси, повишоци, вработувања на државна сметка, енормно се зголемува бројот на договорни вработувања, а нема раст кој тоа ќе го покрие. Поради изборите и изборниот поткуп, што би рекол народот ги пуштиле нозете многу повеќе од тоа што ни е долга чергата, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој објасни дека за првите два месеци е направен буџетски дефицит од 70 милиони евра, додавајќо дека за тоа време е направено ново задолжување од 250 милиони евра за да се покрие ваквата изборна корупција.

Не се мислело за до крајот на годината, бидејќи изборите им биле се, рече Мицкоски кој допопни дека недомаќинското работење довело до лоша кондиција на буџетот и како што рече таа е уште полоша од финансиската криза предизвикана од Корона пандемијата.