Проектот „Обнова“ не е обичен проект. Од него буквално зависат стотици илјади животи на нашите сограѓани. Вие сте луѓе со интегритет, знаење и силна волја да се вложите за Македонија – им укажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на носителите на шесте изборни единици.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека граѓаните мора да се изборат за „Обновата“ да победи, зашто тоа зависат сите стратешки интереси на Македонија.
Меѓу многубројните проекти, Мицкоски го нагласи автопатот Скопје-Велес-Прилеп-Битола, кој претставува главна артерија за нашата држава, на што носителите се сложија.
Освен изградба на овој автопат, тие ветија и 1000 километри регионални, магистрални и локални патишта.
Ќе работиме многу во инфраструктурата и во екононмијата. Тоа е нашиот стил за работа – истакна носителот во втората изборна единица Владо Мисајловски.