Македонија 12. април 2019. / 21:26

Мицкоски: Го сквернават ликот на Блаже Конески!

Мицкоски: Го сквернават ликот на Блаже Конески!

Името ни е свето, ќе сакаат да ни го земат, пишуваше Блаже Конески, а овие измамници кои го пордадоа името, денес го ставаат Блаже Конески во спотовите од оваа кампања, рече вечерва во Крушево претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Замислете каква декаденција е тоа, бесрамност. Овие луѓе ниту трунка срам немаат и се што погазија, и покрај тоа што направија, ги злоупотребуваат македонските великани. Се подбиваат со идеалите на тој човек, со неговото наследство.

Пред граѓаните во Крушево Мицкоски истакна дека професорката Гордана Силјановска Давкова победува на 21 април и на 5 мај.

Пристискаа, се закануваат, уценуваат, злоупотребуваа денеска гледам ги вклучија и медиумите и главните уредници на медиумите, оние скапо платените медиуми на СДСМ, лиферуваат анкети, ама не разбираат дека вистинската анкета ќе ја видат на 21 Април, каде најголемата коалиција на Република Македонија ќе им ја испорача вистинската анкета, рече Мицкоски.