Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го честита Денот на македонската револуционерна борба.
Од секој предизвик, искушение, ВМРО-ДПМНЕ, наследник на идеалите и принципите на историското ВМРО излегувало посилно, похрабро и поодлучно. ВМРО постои за Македонија и за нејзиниот народ, кој кревал глава секогаш кога е најтешко, и кога мракот најсилно надвиснал над нашата земја. И секогаш новиот почеток значел нова надеж, нова искра.
Македонци, граѓани на Република Македонија нека е вековит 23 октомври, Денот на Македонската Револуционерна Борба, напиша Мицкоски на Фејсбук.