Претседаелот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е убеден дека нема да се повтори 2016 година. Како што истакна тој на партиската конвенција, убеден е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите во април и ќе формира влада.
Мицкоски на својот противник му порача дела му е погрешна проценката и попусто се сили со странците.
Ако до пред 3 месеци убедуваше дека ќе тепал на изборите, сега на партиските состаноци ги лаже дека ќе изгуби СДСМ, ама малку, тесно, за два до три пратеника, а он ќе формирал влада. Значи почнаа со тесна победа да завршат со тесен пораз. Не би го употребил она неговото “мало морген”, ама неодминливо ќе искоментирам грешна ти е проценката. ВМРО ќе победи, а ова не е филмот од 2016 и ВМРО ќе формира влада. И џабе се храбри со странците демек биле на негова страна, вистината е дека странците не сакаат пактови со криминалци и неспособни луѓе, а нив највеќе ги интересира европската иднина за што ВМРО го има решението.
Мицкоски порача дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги направи сите потребни реформи со кои по изборите ќе ја внесе државата во ЕУ.
Европската унија е сон кој ќе го оствари ВМРО-ДПМНЕ затоа што ако од нешто не се плашиме тоа е работата која секогаш била наша одлика. Исто како што ќе донесеме обнова од зголемување на просечна плата во државата за +25% за еден мандат, зголемување на просечната пензија на пензионерите за +20% во еден мандат или тоа ќе значи повеќе од 3000 денари повеќе за секој еден пензионер. Невработеност под 10%, 0% персонален данок за млади до 29 години. Се обврзуваме на рамен данок од 8%. Се обврзуваме за обнова која ќе донесе раст на БДП за повеќе од 4% годишно. 2 милијарди евра инвестиции во патишта. 150 километри експресни патишта, енергетска обнова на домовите на граѓаните и гасификација на целата држава со бесплатни приклучоци за гас за секое домаќинство. Изградба на нови 20 и реконструкција на 50 училишта. Поголеми примања за универзитескиот кадар повеќе бесплатни лекови за ранливите групи. 4 нови клинички центри и редица други проекти кои се дел од Проектот Обнова на Македонија.
Мицкоски порача дека успехот е резултат на правилен избор на повеќе одлуки и подразбира многу работа и решавање на многу предизвици.
Успехот значи воведување новитети кои имаат додадена вредност и постојан напор за создавање на повеќе и подобро. Потребни се знаења и вештини ентузијазам и енергија и добри стратегија, тактика, план и оператива. Дијалог, трансфер на вредности, соработка и почит. Успесите се достижни! И најбитно, за успех е потребна идеја, инспирација, здрава основа Добра мисла и добра намера.