Довербата во судството, судскиот систем, во специјалното јавно обвинителство, таа не е падната, таа е на дното. И јас жалам бидејќи суштината на една правна држава, демокртаско општество е граѓаните да веруваат своите права дека може да ги реализираат преку судството и судскиот ситем, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостувајќи на јавниот радиодифузен сервис, МТВ.
Тој посочи дека првите луѓе тргуваат со правото и правдината за реализирање на определени политики.
-Го повикувавме Зоран Заев и тоа кулминираше со денешната иницијатива и го повикавме владеачкото, мнозинство ако се толку уверени дека имаат мнозинство, дека имаат поддршка за политиките, еве можност да се соочиме пред граѓаните, укажа Мицкоски и додаде дека за недовербата во правниот систем партијата контиуирано го мери јавното мислење.