Македонија 19. октомври 2019. / 16:40

Мицкоски: Доста е демагогија, на овој народ му требаат политичари кои тоа што ќе го ветат и ќе го исполнат

Мицкоски: Доста е демагогија, на овој народ му требаат политичари кои тоа што ќе го ветат и ќе го исполнат

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Гостивар порача дека е доста со демагогија и оти на овој народ му се потребни политичари кои многу ќе работат.

Лидерот на партијата апелираше политичарите во оваа предизборна кампања да не ветуваат тоа што не можат да исполнат. Да не го разочаруваат народот дополнително бидејќи, како што рече, народот и сега ни е разочаран.

Мицкоски додаде дека ќе понудат обнова која ќе значи крај за политичарите од минатото и нов почеток, нова надeж и нови успеси за Македонија.

– Затоа апелирам до политичарите во оваа предизборна кампања, нека не го ветуваат тоа што не можат да исполнат. Нека не го разочаруваат народот дополнително, бидејќи народот и сега ни е разочаран. Затоа ќе понудиме обнова, обнова која ќе значи крај за политичарите од минатото и нов почеток, нова надeж и нови успеси за Македонија, порача Мицкоски.