Во вечерашната емисија на Алфа Телевизија, гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски којшто истакна дека докторирал на вештачка инелигенција, а практичниот дел го работел во Германија.
-Кога денеска зборуваат за вештачка интелегенција, јас можам да се пофалам и еве да кажам, дека докторирав на фази логика. Тоа е вештачка интелегенција, од која имате генетски алгоритми, фази логика и невронски мрежи. Еден од тие три алгоритми јас го употребив во мојата докторска теза, а тоа е фази логиката. Оптимирав траекторија на манипулационен робот, а експерименталниот дел го завршив на Универзитетот на Ил Мена во Сојузна Република Германија. Така да и тогаш тоа беше прилично актуелно, но и денеска тоа е актуелно, истакна Мицкоски.