Додека Заев и СДСМ прават криминален бум, ВМРО-ДПМНЕ е фокусирана кон економски и инфраструктурен бум, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Додека штабот за кризи на СДСМ создава лажни вести, штабот за проекти на ВМРО-ДПМНЕ се обврза на:
-Нов автопат од Велес преку Прилеп до Битола;
-Нов асфалт за сите регионални патишта во државата;
-2 милијарди евра инвестиции во патишта;
-Нов експресен пат од Куманово до Крива Паланка;
-Нов експресен пат од Битола до Грчка граница;
-Нов експресен пат од Струмица до Бугарија;
И многу други проекти кои ќе донесат раст на градежништвото за 30%, што ќе значи 30% повеќе работа за компаниите, 30% повеќе приходи, повеќе пари, повеќе за секого, напиша Мицкоски на Фејсбук.