Македонија 30. јуни 2020. / 20:23

Мицкоски до Заев: За потсмев служите кај европските политичари

Мицкоски до Заев: За потсмев служите кај европските политичари

Господине Заев кој и пружи помош на Македонија кога и беше најпотребно во битката со коронавирусот? На мој повик и на мојата партија дојде помош од Република Унгарија. Која помош Вие ја донесовте господине Заев? Еве кажете јас Зоран Заев се јавив на таа и таа земја членка на ЕУ и обезбедив помош. Еве јас обезбедив еден авион од братска Словенија и уште еден авион од братска пријателска Унгарија. Вие од која европска земја обезбедивте помош, праша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашниот дуел на 24 телевизија.