Македонија 30. јуни 2020. / 18:41

Мицкоски до Заев: Доста зборите за 27 април вие сега сте најдобар пријател со вратарот и тендери делите, граѓаните бараат понуда, а не обвинувања

Мицкоски до Заев: Доста зборите за 27 април вие сега сте најдобар пријател со вратарот и тендери делите, граѓаните бараат понуда, а не обвинувања

Кога веќе сме кај случаевите од 27 април, кога веќе сме кај тие „пусти пари“ господине Заев вие сте сега најдобар пријател со вратарот, вие сте најдобар другар со вратарот и вие тендери делите ширум Македонија. Тоа се „пусти пари“ господине Заев, му порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешниот ТВ дуелот на телевизија 24 на претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Мицкоски посочи дека оваа дебата треба да биде понуда за граѓаните, кој и што ќе направи, а не обвинувања, односно како што рече тој граѓаните се доста измачени и изманипулирани како резултат на тоа што ни се случуваше поради пандемијата и неспособноста на власта на СДСМ да се справите, како економски, така здравствено

Само јас не сакам да ја спуштам на тоа ниво нашата денешна дебата затоа што ценам дека треба да зборуваме за понудата, граѓаните се доста измачени, доста изманипулирани изминативе месеци, како резултат на тоа што ни се случуваше поради пандемијата и неспособноста ваша да се справите, како економски, така здравствено, кажа Мицкоски.