Гостин во емисијата Отворено на Алфа беше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој зборуваше за актуелните политички случувања во Македонија.
Интересот на државата, интресот на граѓаните е пред и над се. Инаку партиски ако гледам и лично, да сега е моментот кога ВМРО-ДПМНЕ треба да излезе и да побара предвремени парламентарни избори и да победи на тие избори. Но дали таа победа ќе ја одалечи Македонија за уште една изгубена година до следниот датум кога треба да се одлучува за евентуален датум за преговори? Тоа се ризиците кои постајат.Ние како политичка партија државотворна партија, тоа го кажуваме ние не ги подгреваме очекувањата, оставте ги тие ПР алатки ајде да работиме. Потребно е да се работи. Со овој потенцијал кој го има Заев видовме до каде не донесе, повотрно ќе кажам потребна е работа и потребно е да работиме за да сработиме за иднината на државата, велиме ајде луѓе до октомври да ви помогнеме, видовме не ве бива, ајде да ја истераме работата. Ајде заеднички да седнеме и со сиот потенцијал кој го имаме како држава да сработиме бар во октомври за датум за преговори, рече Мицкоски.