Заедно со потпретседателот Александар Николоски денес остваривме средба со италијанскиот амбасадор Карло Ромео, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук.
На средба посочив дека поради пандемијата предизивикана од Ковид-19 државата е во тешка економска и здравствена состојба, а старо-новата влада не превзема никакви конкретни мерки со цел да им се помогне на граѓаните како и на бизнис секторот. Потенцирав дека во државата криминалот и корупцијата се на високо ниво и правдата важи само за некои луѓе, власта дели тендери на лица блиски до власта, за тоа никој не одговара, а народот се осиромашува, напиша Мицкоски на Фејсбук