Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека гневот на министерката за правда, Рената Дескоска, е основната пречка што преговорите за Законот за јавно обвинителство не се завршени. Тој вели дека неговата партија се залага за правда, а Дескоска за политички договор.
–Навистина жалам што министерката за правда на моменти се преправа во министерка за неправда. Толкав гнев кон ВМРО-ДПМНЕ јас не сум сретнал. Таа во секој поглед гледа да ги минира преговорите. Таа е основната пречка што тие преговори не завршија. Нашата позиција е јасна а тоа е правда и правдина без разлика на политичката припадност. Тој што се огрешил пред законите, тој треба да сноси одговорнсот низ фер судски процес. Позицијата на Дескоска е политичка и има за цел пресметка со ВМРО-ДПМНЕ. Затоа не можеме да ги доближиме преговорите. Политички договор за правно прашње ќе донесе куферчиња, рекетирање и слично. Доколку постои намера за договор, тој ќе беше најден до овој момент. Ние преговараме со факти и аргументи – рече Мицкоски.
Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, тие ќе остават простор за договор. Мицкоски потенцираше дека планот „Б“ кој го презентираше Десковска е потрошен и ќе донесе неправда.
–Вистина е дека се преговара за законот за јавно обвинителство. Ќе оставиме простор за преговорите да течат. Истовремено се преговара и за законите за кои ВМРО-ДПМНЕ имаше поинакви мислења од СДСМ. Планот Б е правно погрешен и тој може да направи услуга на неправдата – појасни Мицкоски.