Македонија 25. декември 2020. / 09:32

Мицкоски денеска ќе сведочи за настаните на „27 април“

Мицкоски денеска ќе сведочи за настаните на „27 април“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повикан е за сведок за денешното рочиште за случајот „27 април“.

Откако лидерот на најголемата опозициска партија, не успеа да присуствува на претходното рочиште кое се одржа на 22 декември, тој денеска ќе присуствува во судот. Мицкоски пред тро денови не успеа да присустува на овој настан заради претходно закажани обврски, но доколку биде уредно поканет ќе сведочи на првото наредно рочиште. Со задоволство ќе посведочи за вистината, наспроти политичките злоупотреба и прашината кои се креваат зад овој случај.

До сега, на јавноста и е познат ставот на Мицкоски дека тој во неколку наврати побара амнестија на осудените за „27 април“.

Она што се докажа од вештачењето е тоа дека Аелксандар Василевски Нинџа не ја зборувал вистината, а неговиот исказ дури четири пати бил сменет.

Вештачењето кое го негира ставот на Нинџа, односно дека бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ пред немилите настани, беше отфрлено од Рускоска, а таа отиде и чекор подалеку: велеше пред камери дека Нинџа ги исклучил телефоните после 16 (едниот телефон) / 18 часот (другиот телефон), па поради тоа не можел да биде регистриран од базните станици дека бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

Но, доказите за 27-ми април го докажуваат спротивното: мобилните телефони на Нинџа биле активни во целиот период по 16/18 часот, спротивно на она што го тврдат само Рускоска и Нинџа. Сето ова постои како податок добиен од мобилните оператори во вештачењето кое Рускоска го оспорува, иако на очиглед на јавноста тоа го прави на штета на можноста да се дознае вистината. Неверојатно, но вистинито – за Рускоска е единствено валиден исказот (односно четирите различни искази) на Александар Василевски Нинџа, а не вештачењето на Проф. Д-р Котевски.

На истото судење во јуни годинава и самиот Василевски-Нинџа како сведок повикан од Вилма Рускоска на рочиштето за т.н. организирање на настаните од 27-ми април, потврди дека исказ-сведочењето што го дал тој ден е различен од исказот кој го дал пред обвинителството на 1 март 2019-та година, две недели пред изрекување на пресудата од страна на Добрила Кацарска. Тој ден, тој изнесе „четврта верзија“ за настаните на 27-ми април, откако претходно во три наврати даваше различни верзии со кого се гледал, кој каде го повикувал и во кои временски интервали што правел, слушал и гледал.

Вреди да се напомене и ставот на Заев. Тој смета дека Вељаноски, Јанакиески и Ристески не се организатори и осмислувачи на „27 април“.

Останува да видиме каква ќе биде крајната пресуда и дали конечно вистината ќе излезе на виделина.