Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод испраќањето на илинденската коњаница, која тргнува за Крушево од Лисиче, денеска беше во црквата Св. Петар и Павле во која се одржа литија на која коњаницата доби благослов за среќен пат. Мицкоски на својот фејсбук профил напиша:
Традицијата е нашето дефинирање. Во чест на светлиот Илинден поддршка за илинденската коњаница. Борбата на илинденците е нашата кауза. Слобода, независност, ВМРО, Македонија!