Македонија 15. април 2019. / 14:36

Мицкоски: Бојкотот му помага само на Зоран Заев, гласајте за Македонија

Мицкоски: Бојкотот му помага само на Зоран Заев, гласајте за Македонија

Гласајте, не поради мене, туку за вас и вашите семејства, гласајте за Македонија!, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Вие кои цврсто заговарате бојкот, знам дека имате многу причини и не велам дека за се не сте во право, но ви се обраќам искрено без ракавици, имате една причина да излезете да гласате, таа е Македонија. Бојкотот му помага само на Зоран Заев. Бесот нека не ви биде поголем од љубовта кон татковината, која знам дека длабоко во срцето ја носите. Гласајте, не поради мене, туку за вас и вашите семејства, гласајте за Македонија, напиша Мицкоски на Фејсбук.