Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју за емисијата „Клан дебата“ истакна дека единствено нешто кое што блеска во моментот во Република Македонија е корупцијата, катастрофалната економија, здравство, како и немање стратегија и реформи од страна на Владата на СДСМ и Заев.
Блескаме само во речникот на Зоран Заев. Инаку блескаме во корупција , таму сме некаде на врвот во Европа по корупција со уште една или две европски држави, кои што за жал и двете се Балкански. Блескаме по неуспесите на оваа влада, блескаме по катастрофалната економија, блескаме по катастрофалното здравство, блескаме по катастрофалното немање на реформи, немање на стратегија како оваа држава да се развива, вели Мицкоски.
Тој истакна дека власта ја посрамоти Република Македонија, а нашата држава сега не е ниту во чекалницата на Европската Унија.
Тој посочи дека причината за ваквата состојба кога станува збор за нашата европска иднина е недостатокот на реформи кои ги спроведува власта, притоа потсетувајќи на фамозниот план за реформи 3/6/9, кој веќе никој не го споменува.
Каде сме сега, не сме ни во чекалницата , сега сме засрамени. Сега и од чекалницата не исфрлија надвор, затоа што далеку е датумот, затоа што нема вредности, затоа што нема реформи. Вие се сеќавате ли на онаа абецеда, 3/6/9/18 еве 24 помина, до каде е? Едно време излегуваа велеа толку проценти е реализирана, се сеќавате кога последен пат некој го споменал тој план за реформи и до каде е, запраша Мицкоски.