Македонија 13. јули 2019. / 17:25

Мицкоски: Бараме предвремени парламентарни избори, граѓаните нека одлучат

Мицкоски: Бараме предвремени парламентарни избори, граѓаните нека одлучат

Нека помине Заев неколку часа сам и нека подразмисли што прави, иднината на државата е во прашање, ако ние продолжиме вака да функционираме тогаш каде ќе ни биде крајот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за Алсат М Телевизија.

Јас кажав и во една моја колумна дека на глупоста и нема крај. Ако ние продолжиме вака да функционираме тогаш каде ќе ни биде крајот. Кога човек мисли дека го допревме дното, гледам сум бил песимист, овие луѓе се подготвени да копаат подлабоко уште повеќе, потенцираше Мицкоски.

Тој вели дека за Заев треба да се тргне на момент од обожавателите и тие кои го убедуваат да нема предвремени избори затоа што имаат недовршени бизнис или пак камионите им се ваму, плантажите со марихуана таму или пак не им се дособрани процентите од некои луѓе.

Затоа апелираме уште некое време за разум, да се седне да се повикаат пратеничките групи, да се поразговара во Собранието, да се организираат предвремени парламентарни избори, граѓаните нека одлучат дали овие политики на политичари, вакви какви што се уценети,корумпирани, помалку или повеќе исмеани во јавноста ќе ја добијат поддршката на граѓаните или ќе дојде некоја нова генерација политичари во Република Македонија, изјави Мицкоски.