Македонија 11. јануари 2019. / 20:30

Мицкоски бара предвремени парламентарни избори заедно со претседателските

Мицкоски бара предвремени парламентарни избори заедно со претседателските

После седницата на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати до јавноста по повод промената на уставното име Република Македонија со новото име Република Северна Македонија.

Денес се покажа дека Македонија со Заев губи, и доколку овие луѓе од СДСМ на Зоран Заев останат на власт, Македонија ќе продолжи да губи и на ова и на сите други полиња и во политиката и во економијата и во општеството секаде. Затоа ова мора да престане, затоа ова мора да се промени а ќе се промени само доколку овие луѓе си заминат од власт. Поради ова а врз основа на погоре кажаното ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш, распуштање на парламентот и одржување на вонредни парламентарни избори заедно со претседателските избори, изјави Мицкоски.