Благодарност до сите кои учествуваа денес во одбележувањето на 23 Октомври – Денот на револуционерната борба.
И не заборавајте,
ВМРО е пркост, пиреј, аманет, обврска, должност, почитување.
ВМРО е нашата сила, но и нашата слабост.
ВМРО се Илинденците, Партизаните, Асномците. Македонија е и потта на земјоделците, крикот на младите, волјата на спортистите, надежта во Европа. Љубовта кон земјата од уставобранителите. ВМРО е и чекањето за подобра иднина, но и немирот за слобода, правда и човечко достоинство.
Ако ВМРО е нашата икона во која веруваме, тогаш Македонија е домот, храмот на таа икона, напиша Христијан Мицкоски на ФБ.
Мицкоски: Ако ВМРО е нашата икона во која веруваме, тогаш Македонија е домот, храмот на таа икона
