Кој е Христијан Мицкоски да му кажува на народот што треба да прави, да се обидува да го замајува со скапи маркетиншки трикови и странски ПР советници. Кој ми го дал тоа право?
Моментот кога одбрав да влезам во политиката, свесно одбрав да бидам слуга на мојот народ и тоа има да бидам – потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот сенароден марш во Кичево на кој се собраа илјадници луѓе да дадат поддршка на опозицијата за зачувување на македонскиот идентитет.
Мицкоски додаде:
Не може за национално прашање да одлучуваат партии. Ова не се партиски надитрувања, иако знам дека на СДСМ позициите во партијата им се се, на нас Македонија ни е се. Нема партиите да одлучат, за национално прашање ќе одлучи нацијата и на нејзината одлука сите ние ќе се поклониме и тоа ќе биде тоа. Времето на недопирливи политичари, самозамислени владетели и тоталитаристи во Македонија ќе заврши кога ќе завршиме со оваа влада. Зоран Заев ќе биде последниот мрачен лик кој ја запоседнал премиерската фотелја и тоа ви го ветувам. На крај, не можам а да не се потсетам на еден цитат, историски врежан во меморијата на сите оние кои Македонија и ВМРО им е при срцето: Ако водам – следете ме, ако се двоумам – поттурнете ме, ако ве предадам – убијте ме.