Ние нема да палиме билборди, нема да кинеме, ниту бојадисуваме, а доколку од СДСМ одлучат да тераат таква кампања со среќа нека им е, изјави денеска преседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на новинарско прашање.
„Што се однесува за ова што го нарековте вие кампања каде што има летоци и јас се изедначувам јас со мојот претходник, тоа е стратегијата на СДСМ и Зоран Заев, да прави лажни вести зашто е апсолутно надвор од реалноста и тоа воопшто не може да се изедначи со ова што сега се збори , но ќе оставам граѓаните да проценат која е вистината , дали на оние билборди кои што се палат или оваа која што ја испраќа Зоран Заев преку овие летоци. Ние нема да ги палиме, нема да ги кинеме, бојадисуваме, а доколку одлучат да тераат таква кампања, со среќа нека им е“изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ.
Инаку откако претходно беше демолиран билборд на ВМРО-ДПМНЕ синоќа беше и запален еден од нив.