Македонија 28. август 2018. / 13:30

Мицкоски: Ако референдумското прашање не добие поддршка Заев ќе биде делегитимиран премиер

Мицкоски: Ако референдумското прашање не добие поддршка Заев ќе биде делегитимиран премиер

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето денешно гостување во вестите на телевизија Алфа истакна дека доколку референдумското прашање не добие поддршка од граѓаните, Зоран Заев и неговата влада ќе бидат целосно делегитимирани.

Мицкоски го нарече референдумот скапо платена статистичка операција која доколку не успее според законот и според демократските критериуми, Зоран Заев ќе биде делегитимиран премиер на Македонија по што како што вели Мицкоски ќе следуваат некои други политички процеси.

– Математиката е егзактна наука, велат за двотретинско мнозинство се потребни околу 80-тина пратеника, односно точно 80 да не карикирам со бројката. Јас колку што знам парламентарното мнозинство нема толкава бројка. Претпоставувам дека господинот Зоран Заев, премиерот Зоран Заев има некои други поинакви калкулации можеби ќе треба тој понатаму да даде одговор на тоа. Но едно нешто треба да ни стане јасно дека политичарите доколку не успеат да извојуваат победа тогаш тие се делегитимирани од страна на народот и го губат легитимитетот кај народот. И логично е после една ваква да ја наречам статистичка операција, скапо платена статистичка операција, доколку не успее да ја спроведе во целост и доколку истата не биде успешно спроведена зборувам и по закон и по демократ