Македонија 15. јуни 2020. / 21:52

Мицкоски: Ако одевме на избори во декември, државата ќе продолжеше да тоне и немаше да биде важно кој ќе победи

Мицкоски: Ако одевме на избори во декември, државата ќе продолжеше да тоне и немаше да биде важно кој ќе победи

Христијан Мицкоски на денешната прес-конференеција изјави дека заседавал Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, каде е донесена едногласна одлука ВМРО-ДПМНЕ да учествува и да победи на изборите.

Имавме две опции да одиме на изборите во редовниот рок и државата да продолжеше да тоне, и во декември веќе немаше да биде важно кој ќе биде во владата, бидејќи се можеше да биде загубено. Државата тоне, а граѓаните страдаат. Или да тропнеме на маса и да речеме време е за промени и тоа време е за промени сега. Имаме обврска спрема граѓаните да го поразиме ова раководство на СДСМ и Зоран Заев.  И да го поразиме веднаш, еве го тој момент, момент на одлука, каде секој граѓанин сам ќе одлучи, изјави Мицкоски.