Јавноста се манипулира со добивање на датум за почеток на преговорите со ЕУ, изјави во „Собраниски брифинг“ на „Утрински брифинг“, Никола Мицевски координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Димитров беше и министер додека се потпишуваше Договорот со Бугарија, додека ние предупредувавме, тогаш не убедуваа дека Договорот е добар. Нетранспарентноста на Димитров причина плус, за која што бараме интерпелација, додаде Мицевски.
Околу собирањето на потписи за поништување на пописот, Мицевски вели дека е заради тоа што ВМРО-ДПМНЕ има сериозни забелешки на Законот за попис.
Забелешки имаме и на роковите кои се дадени таму, забелешки имаме и на потребата од двоен потпис и која е потребата од тоа. Оваа инцијатива започнува во наредните денови. Денеска планираме да ја поденесеме иницијативата, вели Мицевски.