Сè она што го правите е продолжување на начинот на кој што дојдовте на власт, му порача на претседателот на Собранието, Талат Џафери координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
Ова следуваше откако претседателот на Собранието на два пати ги повика пратениците да се произнесат по предлог Законот за ЈО, а по второто гласање законот го прогласи за донесен, по што во собранието настана тензична атмосфера.
– На првото гласање вие повикавте да се гласа. Пратениците гласаа. Од 113 присутни , 74 гласаа „за“, 32 „против“ согласно закон ова гласање не е донесено. Барам првото гласање да констатирате дека не е успешно гласањето и ова законско решение, така како што гласаа пратениците, на ваш повик, не е донесено. Од тука натаму сето тоа што го направивте е кршење на деловник, кршење на Устав, му порача Мицевски на Џафери.
Тој додаде дека е срамота., што и покрај сите притисоци и уцени кој што власта ги правела изминатте денови не успеале да обезбедат 80 гласови на закон кој самите го донеле, а доказ за тоа е, вели Мицевски, што пратениците не гласаа во првото гласање.
На второто гласање се произнесоа 80 пратеници „за“, а пет беа „против“. Во тек е пауза до 14 часот.