Македонија 02. август 2018. / 15:41

Метју Палмер и Џес Бејли во Кавадарци на средба со градоначалникот

Метју Палмер и Џес Бејли во Кавадарци на средба со градоначалникот

Градоначалникот на Кавадарци   Митко Јанчев оствари средба со Метју Палмер, заменик помошник државен секретар во Стејт Департментот на САД за Европа и Евроазија, и со амбасадорот Џес Бејли.

– Ова е втора посета на амбасадорот на САД во општина Кавадарци во изминатите неколку месеци, а прва посета на Метју Палмер, политичар од највисок ранг што ја посетил кавадаречката локална самоуправа, велат од општинската прес-служба за средбата што ја имал градоначалникот на Кавадарци кој е и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму информираат дека на средбата се разговарало за актуелните политички теми и за развојот на Општина Кавадарци.